Нови 668 случаи на ковид-19, оздравени 887 лица, седум починати

3 mins read

Од направени 3.974 тестови во последните 24 часа, регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-19 и 81 реинфекции. Оздравени се 887, а пријавени се седум починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 340, Битола – 43, во Куманово и Струмица по 33, Охрид – 30, Прилеп – 23, Тетово – 22, Кавадарци, Велес, Штип и Кичево – по 15, Гевгелија – 11, Струга и Богданци – по 9, Гостивар, Неготино и Свети Николе – по 8, Ресен и Дебар – по 5, Кочани, Крива Паланка и Демир Капија – по 3, Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 2, Берово, Валандово, Виница, Кратово, Крушево и Демир Хисар по еден.

Од вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции.

Регистрирани сe 887 оздравени пациенти од: Скопје – 621, Битола – 39, Куманово – 36, Кавадарци – 32, Велес – 31, Неготино – 19, Гевгелија – 13, Тетово и Кичево – по 11, Прилеп и Гостивар – по 10, Ресен – 8, Штип – 5, Охрид, Богданци, Свети Николе, Кочани, Крива Паланка и Демир Капија – по 4, Струмица, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 3, Берово – 2, Струга, Македонски Брод и Валандово – по еден.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се седум починати лица. Тројца починати се од Прилеп (80г, 80г и 81г), двајца од Скопје (78г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (75г) и Струга (60г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин”, дополнително нема пријавени починати лица.

Од вкупниот број на починати лица, кај седум лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 3.974 тестови преку: ИЈЗ-270, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-98, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–321, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-71, Биотек-101, Систина-51, лабораторија Лаор-132, Синлаб-8, Ремедика-0, Плодност-41, Генеа-10, Никоб Лаб-295, ВФВ Медикал-43, Ели Медика-30, Ројал Медика–19, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–15, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.153.

Досега во земјата се направени вкупно 1.870.093 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, на починати е 8.898 а бројот на активни случаи изнесува 7.595.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Баерн не дозволи нов шок во Бундеслигата

Следно

Малчески: Какво е тоа покачување на плата кое не предизвикува дополнителни финансиски обврски?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian