Николоски: Борбата против корупцијата е една од основните причини зашто сум избран за еден од 40 највлијателни личности под 40 години

3 mins read

За мене претставува огромна чест што Бриселската „Пријатели на Европа “ („Friends of Europe“) ме избра за еден од 40 највлијателни личности под 40 години во Европа, истакна денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по изборот.

Според неподелените мислења оваа организација е највлијателна во Брисел и активно учествува во креирањето на политики на ЕУ и создава општествени промени, а во нејзиниот управувачки комитет седат премиери, претседатели, претседатели на Европската комисија, еврокомесари и други јавни личности од Европа.

-Секоја година ги номинира највлијателните личности во јавниот живот, политиката, науката, бизнис секторот да бидат дел од престижната програма Европски Млади Лидери кои се под 40 години.

Еве што напишаа за нас кои сме избрани оваа година: „Нивната страст, креативност и иновативно размислување создаваат совршена формула за генерирање на свежи идеи за изградба на Европа со понапредно размислување. Главни уредници на пионерски публикации и медиуми, лекари хуманитарци, политичари од сите нивоа на власт, актерка прикажана на Нетфликс, научници, како и иноватори кои што ја предводат зелената дигитална транзиција, го сочинуваат овогодинешниот избор EYL40 Class 2022 година. Од шампиони и уметници преку технолошки претприемачи, до водечки активисти и олимписки спортисти се годинешниот избор“.

За мојот избор од „Пријатели на Европа“ помеѓу другото напишаа и дека сум посветен на справување со корупцијата и настојување за членство на Македонија во ЕУ, вели Николоски.

Посочува дека овие зборови се силен мотив за него, да продолжи силно да се залага за борба со корупцијата која, како што рече, ја јаде Македонија како и за членство на Македонија во ЕУ затоа што тоа го заслужува секој еден од вас.

-Корупцијата е основна причина зашто младите ја напуштаат Македонија и регионот, корупцијата ја јаде економија и ја уништува демократијата, затоа мора силно да се бориме со неа. Покрај мене оваа година дел од 40 највлијателни личности под 40 години во Европа се и Михаел Шимечка – потпретседател на Европскиот Парламент, Михаи Данила – потпретседател на најголемиот инвестициски фонд во светот Блек Рок, Катинка Хосу – пливачка која има три олимписки златни медали и вкупно 96 медали во кариерата, Томс Јурјевс – основач и директор на Сан Фајнанс груп која обезбедува преку 1,2 милијарди евра во кредити на мали корисници и други успешни млади лидери од Европа. Во изминатите речиси две децении голем дел од највлијателните и најталентирани личности во Европа биле дел од оваа програма и нивната воспоставена комуникација има силно влијание во Европа. Благодарам за изборот и одиме напред за доброто на Македонија, истакна Николоски.

kurir.mk

Претходно

Леброн Џејмс последната сезона во НБА ќе ја игра во ист тим со синот Брони

Следно

Вучиќ свика седница на Советот за национална безбедност на Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian