Јапонските палачинки се толку меки што многумина ги нарекуваат палачинки суфле, а овој основен рецепт сличен на оној за американските палачинки можете да го збогатите на безброј начини: наполнете ги со џем или крем со помош на шприц, сервирајте ги посипани со сирупи и преливи, комбинирајте ги со сезонско овошје.
Состојки:
– 200 грама брашно
– 3 лажици шеќер
– 2 лажички прашок за пециво
– половина лажичка сол
– 300 милилитри млеко
– половина лажичка екстракт од ванила
– 2 јајца
Подготовка:
Одделете ги жолчките од белките, па изматете ги со жица. Потоа додадете ги брашното, прашокот за пециво, солта, екстрактот од ванила и млекото. Сè добро измешајте.
Со миксер во посебен сад изматете ги белките, со постепено додавање на шеќерот, па многу внимателно соединете ги со смесата од жолчките и брашното. Промешајте со шпатула, па смесата сипете ја во шприц за слатки.
Подмачкајте ја тавата со масло и оставете ја да се загрее, па кога ќе се загрее, сипете ја смесата со лажица и превртете ја по извесно време. Доколку имате прстенест калап за пржење во тава, задолжително сипете ја смесата во него, бидејќи така ќе им се даде максималната висина на палачинките.