Историски успех на ТФТ, преку МЗТ Скопје до триумф во Купот

2 mins read

Кошаркарите на ТФТ вечерва го освоија првиот клупски трофеј откако во финалето на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ со 80:66 го совладаа МЗТ Скопје.

Финалниот натпревар од 29. издание на националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ донесе големи возбудувања кои ги приредија екипите на МЗТ Скопје Аеродром, која го бранеше трофејот, и екипата на ТФТ која за прв пат играше во финалето.

Тоа што го најавија со убедливите победи во четврфиналето и полуфиналето, играчите на ТФТ го остварија и во финалето и со одлична игра дојдоа до трофејот.
Избраниците на Смилковски одлично го започнаа натпреварот,  во шестата минута имаа предност од 17:11,  а четвртината ја завршија со плус четири (21:17).

Во ист ритам, кошаркарите на ТФТ продолжија и во втората четвртина по забивањето на Хортон поведоа со 35:28. „Металците“во финишот од втората четвртина успеаја да го пронајдат својот ритам и дојдоа на минус два (39:37), на одмор се замина со 41:37.

Стартот на третата четвртина помина во знакот на МЗТ Скопје кој успеа да направи пресврт и да поведе со 44:48. ТФТ одговори со серија од (9:0) со која го вратија водството, а потоа и зголемија на 60:51.

Во последната четвртина, ТФТ по тројката на Ташковски за прв пат дојде до двоцифрена предност (63:53), а потоа работата им ја олесни капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски кој поради две технички грешки беше исклучен.

Тоа знаеја да го искористат избраниците на Смилковски и со трпелива игра во нападот не само што ја задржаа туку и ја зголемија предноста и на крајот славеа со 80:66 за прв трофеј во клупската историја.

Најефикасен беше Хортон со 23 поени, Костоски даде 13 поени, додека Смит имаше 17 скока кај ТФТ. Во редовите МЗТ Скопје Рикиќ постигна 13.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Дуа Липа приреди спектакуларен концерт: „Висеше“ врз публиката!

Следно

ВИДЕО | „Netflix“ најави петто и последно продолжение на серијалот „Stranger Things“: Актерите пораснаа, време е за нови авантури

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian