Хокеј во Пекинг: Прво олимписко злато за Финска

1 min read

Хокеарската репрезентација на Финска е нов олимписки шампион откако во финалето со 2:1 ја совлада Русија. Ова е прво олимписко злато за Финците кои претходно загубија во две финалиња, а имаат и четири бронзени медали на ЗОИ.

Русија која ја бранеше титулата од ЗОИ во Пјонгчанг пред четири години, поведе во осмата минута од натпреварот преку Михаил Григоренко кој ја искористи предноста од играч повеќе на мразот.

Финска израмни на почетокот од втората третина преку Виле Пока кој. Голот вреден златен олимписки медал, Финска го постигна во првата минута од третата третина преку Ханес Бјорнинен.

Бронзениот медал и припадна на селекцијата на Словачка која вчера со 4:0 ја совлада Шведска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Само едно авокадо дневно го намалува холестеролот и го чува срцето

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже дека со законот за наставници ќе покачува плати, туку прави брутална партизација на образованието

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian