ФОТО | Хајди Клум во светкав фустан краде воздишки: Ги осигурав нозете, едната чини повеќе од другата

2 mins read

Славната германска манекенка Хајди Клум моментално работи на снимање во Лос Анџелес, каде папараците ја „уловиле“ во краток светкав фустан кој ги открил нејзините импресивно затегнати и долги нозе.

Имено, таа имаше соработка со раперот Снуп Дог со кого имаат заеднички дует во кој се појавува во секси издание, во сличен сјаен фустан како оној на снимањето.

Убавата Хајди била фотографирана во момент кога ѝ пристигнал превозот, а се покажало дека нејзиниот фустан можеби е сепак прекраток за многу прилики. Имено, за момент при качувањето ѝ се видела долната облека со леопард дезен, а судејќи по изразот на лицето, на Хајди не ѝ било баш драго што е фатена токму во тој момент, но брзо сè „вратила на место“ и тргнала во својот правец.

Хајди Клум/Profimedia
Backgrid USA / Profimedia

Клум неодана гостуваше во емисијата на Елен Деџенерис каде зборуваше за својот беспрекорен изглед на кој ретко кој може да одолее, а открила и некои непознати детали.

Имено, таа раскажала дека еден од деловните клиенти со кои соработувала одлучил да ги осигура нејзините нозе и тоа на вртоглав износ од 2 милиони долари, но открила и зошто едната нога чини повеќе од другата.

„Кога бев помлада, се исеков на стакло и имам голема лузна“, објаснила Клум.

Хајди е инаку во среќен брак со 32-годишниот музичар Том Каулиц со кој секој ден покажува дека се сакаат повеќе од било кога. Таа имаше претходно брак со музичарот Сил, со кого има четири деца, а од кратката афера со Флавио Бријаторе има вонбрачна ќерка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украинскиот претседател повика на итен прекин на огнот

Следно

ВИДЕО: Еспањол му направи услуга на Реал, ремизираше со Севиља

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian