ФОТО | Додека Петар Грашо се женеше, Данијела во секси црвен фустан пееше на свадба во Загреб!

1 min read

Пејачката Данијела Мартиновиќ очигледно си го продолжува животот без Петар Грашо без најмал проблем.

Хрватскиот портал „Zagreb.info“ сподели снимка од нејзиниот вчерашен настап, на свадбена прослава во хотелот „Еспланад“. Популарната Сплиќанка била главната „виновничка“ за забавата која ја приредила, а присутните воодушевено го снимиле нејзиниот настап.

Данијела Мартиновиќ/Принтскрин/Загребинфо
Данијела Мартиновиќ/Принтскрин/Загребинфо

Во видеото кое го сподели порталот, Данијела пее и мами насмевки на бројните гости на свадбата. Многу хитови и ритам на кој не може да се остане рамнодушен, а песната траела долго во ноќта.

Данијела Мартиновиќ/Принтскрин
Данијела Мартиновиќ/Принтскрин

Додека сите се прашувааа каде е симпатичната Данијела вечерта кога Петар Грашо (со кого беше во врска повеќе од две децении), и Хана Хуљиќ го рекоа „судбоносното да“, загребскиот портал ги пренесе токму овие информации.

Додека Петар и Хана го отворале свадбеното шампањско, Данијела не тагуваше ни малку. Таа пееше на свадбата со сето свое срце и очигледно расположена, направила вечер за паметење.

ФОТО | Петар Грашо насмеан од уши до уши на венчавката со Хана: Се чувствувам како вистински маж!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД до последен момент ќе се воздржат од санкции против Русија

Следно

Пандевци пукнаа петарда против Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian