ДРАМА ВО МАЈАМИ БИЧ: Хелихоптер се урна покрај полна плажа, настрада полицаец (ВИДЕО)

1 min read

Хеликоптер се урна во саботата во Атлантскиот Океан во близина на плажа во Мајами Бич, Флорида, на неколку метри од капачите на една од најпопуларните плажи меѓу туристите, соопштија властите.

Полициската управа на Мајами Бич на Твитер објави дека попладнево добила повик за несреќата во областа кај Саут Бич. Хеликоптерот се урнал околу 18.30 часот по локално време, откако бил повикан да интервенира поради немирите во близина на Њупорт Бич, соопшти полицискиот оддел на Хантингтон Бич, пренесува АП.

– Во несреќата загина Николас Вела (44), ветеран кој помина 14 години во полиција, изјави началникот на полицијата Ерик Пара на прес-конференција.

Уште еден полицаец, исто така ветеран со 16-годишно искуство во полиција, е префрлен во болница во критична состојба, но неговото име се уште не е соопштено во јавноста. Истрагата за оваа несреќа ќе ја водат Националниот одбор за безбедност во сообраќајот и тимот за реконструкција на големи несреќи на Канцеларијата на шерифот на округот Оринџ.

kurir.mk

Претходно

Келнер од познат локал открива: Има гости кои цела вечер ја поминуваат со „стотка“, пијат едно пиво или вода со мраз

Следно

Меки како пена: Воздушни јапонски палачинки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian