Репрезентацијата на Шведска го освои златото во карлинг на Зимските олимписки игри во Пекинг откако во финалето ја совлада Велика Британија со 5:4.
Никлас Един така се закити со единствената титула која му недостасуваше во кариерата.
Тој пред четири години во Пјонгчанг загуби во финалето, а сега ги водеше Швеѓаните до првото олимписко злато.
Во 2010 година Шведска беше четвртопласирана, третопласирана во 2014 година, во 2018 година дојде до среброто, а сега конечно и на врвот после 11 рунди, односно „екстра-енда“.
Со бронза се закити селекцијата на Канада која во борбата за третото место беше подобра од САД со резултат 8:5.