Започна изборната кампања за делумните предвремени избори во Албанија

1 min read

Во Албанија денеска официјално почнува изборната кампања за делумните предвремени избори за градоначалници на шест општини во државата, поточно во Скадар, Пешкопеја, Драч, Вора, Рогожина и Лушња.

На изборите кои ќе се одржат на 6 март, во трка за градоначалничко место се 20 кандидати од три политички партии и една коалиција, владејачката Социјалистичка партија (ПС) на Еди Рама, опозициската Демократска партија(ПД) на Љуљзим Баша и партијата Ново движење (ЛРЕ) на Ариан Галдини.

За градоначалничко место со нив ќе се тркаат и кандидатите на изборната коалиција „Дом на слободата” на Движењето за социјалистичка интеграција на Моника Круемади и Демохристијанската партија на Нард Ндока, во која комисијата не го призна како политички субјект за учество крилото на Сали Бериша. Сепак во повеќето од општините кандидатите се токму приврзаници на Бериша.

ПС, ПД и коалицијата „Дом на слободата” свои кандидати имаат во шесте општини, додека ЛРЕ во две, Пешкопеја и Драч.

Меѓу дваесетте кандидати има три жени, сите под логото на Социјалистичката партија кои ќе се обидат да ја добијат довербата во Скадар, Драч и Љушња.

На 6 март ќе се гласа на 940 гласачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 648.536 лица со право на глас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Минатата недела над 3500 граѓани ја користеле жичарницата на Водно

Следно

Бил Гејтс: Ризикот од коронавирусот е драстично намален, следува нова пандемија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian