Втора лига: Вардар ремизираше со Охрид, Воска сега на „плус пет“

1 min read

Составот на Вардар кој се бори сезонава да се врати во елитата, денеска во рамките од 16. коло во Втората македонска фудбалска лига – Запад ремизираше без голови (0:0) против Охрид.

Ова реми на скопските „црвено-црни“ го искористи екипата на Воска Спорт која запиша важен триумф на гостувањето кај Кадино со 0:2.

Стрелци на головите беа Гафури во 14 и Емини во 37 минута од средбата.

Во Втората лига – Исток тимот на Слога Виница забележа нова победа на домашен терен против ФК Пехчево со 2:1. За домаќините головите ги постигнаа Јордановски и Иванов.

ФК Каменица Саса славеше минимална, но важна победа од 1:0 против Кожуф Гевгелија со голот на Алексовски од пенал.

Втора лига – Запад
16. коло, резултати:

Силекс – Гостивар 1:1
Тетекс – Кораби 2:0
Охрид – Вардар 0:0
Кадино – Воска Спорт 0:2
Беса 1976 – Велешта 3:1

Табела: Силекс 42 бодови, Воска Спорт 35, Вардар 30, Тетекс 24, Кораби 20, Гостивар 18, Беса 1976 16, Охрид 16, Велешта 14, Кадино 6.

Втора лига – Исток
16. коло, резултати:

Братство 07 – Победа 1:4
Локомотива Градско – Детонит јуниор 1:3
Осогово – Беласица 0:3
Каменица Саса – Кожуф Гевгелија 1:0
Слога Виница – Пехчево 2:1

Табела: Победа 35 бодови, Слога Виница 35, Каменица Саса 34, Беласица 31, Кожуф Гевгелија 20, Пехчево 19, Детонит јуниор 19, Осогово 19, Братство 7, Локомотива Градско 6.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Што правиш, дали си нормална?“: Сопругата на Франческо Тоти ја бакна водителката на сцена!

Следно

Регистрирани 838 новозаболени од ковид- починаа 20 лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian