Во САД продолжува вонредната состојба поради ковид-19

1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека вонредната состојба прогласена во САД во март 2020 година поради пандемијата на ковид-19 ќе биде продолжена и по 1 март 2022 година поради ризикот што коронавирусот го претставува за јавното здравје.

Бајден истакна дека смртта на повеќе од 900.000 Американци како последица на ковид-19 укажува на потребата да се одговори на пандемијата со „полн капацитет” на федералната влада.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба пред речиси две години со цел да ослободи 50 милијарди долари федерална помош.

– Останува потребата да се продолжи оваа национална вонредна состојба, истакна Бајден во писмото што го испрати вчера до лидерите на американскиот Конгрес, претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и претседателот на Сенатот Чак Шамер.

kurir.mk

Претходно

Полицијата изврши претрес во стан на хрватски министер

Следно

Актерката Линзи Перлман пронајдена мртва: Холивуд пет дена трагаше по неа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian