ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се грижеа за просветниот кадар и за покачување на нивните плати, ќе го усвоеја амандманот на законот за минимална плата што го предложивме

1 min read

Нема крај на лицемерието на СДСМ, владејачкото мнозинство го одби амандманот на законот за минимална плата на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и владејачкото мнозинство искрено да се грижеа за покачувањето на платите на наставниците и професорите, ќе го усвоеја амандманот кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ преку амандманот побара да се усогласат платите во јавниот сектор со минималната плата и да дојде со коефициентот на сложеност на работните места. Со ова ќе се испочитува и Колективниот договор во образованието, а наставниците и професорите ќе добиеја поголема плата, до 45 илјади денари.

– Тензиите кои ги исценира СДСМ во комисијата за образование и наука во Собранието се со цел да се протне на мала врата закон за партизација на образовниот кадар во училиштата, а не како што сакат да прикажат- грижа за наставниците. Законот кој СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците, туку целосна партизација во образованието. Лажната грижа на СДСМ за просветните работници и административниот кадар во образованието излезе на виделина. СДСМ и администраторот Ковачевски се против подобрување на стандардот на граѓаните. Тие единствено мислат за нивно лично богатење, а не на поквалитетен и подобар живот на граѓаните, додаваат од партијата.

kurir.mk

Претходно

Средба Пендаровски – Пахор: РС Македонија и Словенија имаат долгогодишна конструктивна соработка и поддршка

Следно

Општина Центар ги реконструира детските игралишта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian