ВИДЕО | „Што правиш, дали си нормална?“: Сопругата на Франческо Тоти ја бакна водителката на сцена!

1 min read

Сопругата на поранешниот фудбалер Франческо Тоти, Илари Блази ја збуни цела Италија, откако гостувајќи во забавно шоу „Michelle Impossible“, страсно ја бакна водителката.

Илари деновиве е во центарот на вниманието на јавноста откако гостуваше во забавно шоу на позната италијанската телевизија каде играше танго со водителката Мишел Хунзикер, поранешната сопруга на Ерос Рамацоти и на крај ја бакна, а таа остана збунета.

„Дали си нормална?“, ја прашала Хунзикер, а Илари на прашањето само се насмевна и испрати поздрав до публиката. Ова не е првпат Блази да направи ваков потег. Имено, таа пред неколку години страсно ја бакна и водителката Белен Родригез.

Да потсетиме, Блази и Тоти се во брак од 2005 година и имаат три деца, синот Кристијан и ќерките Шанел и Изабел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џонсон предупредува: Земјите од НАТО нема да попуштат пред руските закани

Следно

Втора лига: Вардар ремизираше со Охрид, Воска сега на „плус пет“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian