ВИДЕО: Реал во вториот дел го скрши отпорот на Алавес

1 min read

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа на домашен терен Алавес со 3:0, во 25. коло од шпанската „Ла Лига“.

Стрелци за „кралевите“ беа Марко Асенсио во 63, Винисиус Жуниор во 80 и Карим Бензема од пенал во првата минута од судиското надополнување.

Реал е прво на табелата со 57 бодови, седум повеќе и натпревар повеќе од второпласираната Севиља. Алавес е на претпоследната, 19 позиција со 20 бодови.

Во следното коло, составот на Карло Анчелоти ќе му гостува на Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, додека Алавес ќе ги одмери силите со Хетафе.

Денеска се одиграа уште три мечеви: Гранада – Виљареал 1:4, Осасуна – Атлетико Мадрид 0:3 и Кадиз – Хетафе 1:1.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пенелопе Круз за менталното здравје: Се преправав ги држам работите под контрола, но всушност бев исплашена

Следно

Словачките хокеари со бронзениот медал во Пекинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian