ВИДЕО: Чудесниот Кејн во 95 минута го шокираше Манчестер сити

1 min read

Во еден од досега најинтересните натпревари сезонава, фудбалерите на Тотенхем го совладаа на гостински терен Манчестер сити со 3:2, во 26 коло од англиската Премиер лига.

Тотенхем дојде во водство со голот на Дејан Кулушевски во четвртата минута, а „граѓаните“ израмнија во 33 минута преку Илкај Гундоган.

Во вториот дел нова предност за гостите донесе Хари Кејн во 59 минута, а се случи уште едно израмнување кога од пенал стрелаше Ријад Марез во 92 минута.

Победата за составот на Антонио Конте ја обезбеди Кејн во 95 минута после асистенцијата на Кулушевски.

Тоа е само трет пораз за играчите на Пеп Гвардиола кои остануваат на врвот со 63 бодови, шест повеќе од второпласираниот Ливерпул, додека Тотенхем кој ја прекина негативната серија од три порази во низа е на седмата позиција со 39 бодови.

ВИДЕО: Ливерпул со пресврт, Челси во финишот го урна Кристал палас

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почнува сезоната на Рибите: Што ги очекува хороскопските знаци во периодот на овие космички порамнувања?

Следно

Четири години Шеќеринска вршела етничка и професионална дискриминација на вработените во МО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian