ВИДЕО | Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу отпеа уште една македонска песна: Ќе ве воодушеви!

1 min read

Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу веќе некое време ја воодушевува македонската јавност со своите извонредни изведби на македонски песни.

Како што пишувавме и претходно, за неговиот интерес за македонската народна музика е заслужен и нашиот оперски пејач Благој Нацоски, со кого Казухиро многупати соработувал и кој воедно му ја доближил магијата на македонскиот мелос.

По изведбата на македонската химна и многу други македонски песни како „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“, „Оди ѕвездо“ и многу други јапонскиот оперски пејач Казухиро, сега ја отпеа и една патриотска македонска песна во која се слави ликот и делото на големиот револуционер Јане Сандански.

Неодамна на својот јутјуб-профил тој се пофали со својата изведба на песната „Кога падна на Пирина“.

Слушнете како звучи Казухиро Котецу:

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РЕДОСЛЕД НА НАСТАНИ: Четири нови експлозии кај Луганск, нови снимки сведочат за односот меѓу Русија и Украина (ВИДЕО)

Следно

ТФТ ќе игра за титулата во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian