„Венчавка на годината“: Хана и Грашо денеска ќе застанат пред олтарот во Сплит

1 min read

Еден од најпопуларните локални поп парови на Балканов изминатиов период, Хана Хуљиќ и Петар Грашо денеска ќе застанат пред олтарот и ќе го кажат судбоносното „да“ во Сплит, пренесуваат хрватските медиуми.

ВИДЕО | Петар Грашо директен кон медиумите: Ги почитувам нивните правила на игра, но сакам да си го зачувам приватниот живот за себе!

На венчавката ќе присуствуваат блиското семејство и пријателите, меѓу кои и некои познати имиња. Имено, кума на Хана ќе биде сплитската пејачка Доменика, која вчера пристигна во Сплит од Загреб, а кум на Грашо ќе биде кошаркарот Дино Раѓа.

Хана и Грашо со денови не објавуваат ништо на социјалните мрежи, а Грашо пред неколку дена во интерву за медиумите во Србија не криеше колку е изненаден од медиумското внимание кое го доби поради врската, а потоа и поради венчавката со Хана.

ВИДЕО | Петар Грашо си ја отвори душата: Ова ќе биде прекрасна година, подготвен сум да бидам татко

Тие чекаат и бебе

Уште кога одекна веста дека Хана и Грашо чекаат бебе, веднаш почнаа да се шират гласини за венчавката, а Хана наводно веќе знаела кој ќе ја дизајнира нејзината венчаница.

Нивната врска стана топ тема во октомври минатата година. 45-годишниот пејач и 14-години помладата Хана во 2016 година соработуваа на песната „Heart for a Guide“, а Грашо со години е многу близок со нејзините родители кои не кријат дека ја поддржуваат нивната врска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Корупциски скандал во Хрватска, уапсен министерот Хорват

Следно

ВИДЕО: Ивановски со гол и асистенција во победата на Динамо Букурешт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian