Вдомете куче: Денеска отворен ден во ЈП Лајка

1 min read

ЈП „Лајка“ денеска од 10 до 13 часот, организира отворен ден на кој ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние што размислуваат да вдомат куче од прифатилиштето во овој стационар.

На отворениот ден во „Лајка“, како што посочуваат од претпријатието, се поканети и сите граѓани кои сакаат да донираат за да се подобрат условите во прифатилиштето за кучиња. Добредојдени се донации во форма на храна и средства за хигиена.

Граѓаните кои планираат или размислуваат да вдомат куче и сакаат својот миленик да го изберат од прифатилиштето на „Лајка“, ќе имаат можност на отворениот ден да се подружат со кучињата за кои се заинтересирани, да добијат детални информации за секое од нив, како и за процесот на вдомување.

– Дојдете во ЈП „Лајка“ да покажеме дека во Скопје постојат позитивни примери на граѓани, вистински љубители на кучиња кои се грижат и придонесуваат за подобрување на состојбата во која се наоѓаат овие бездомни животни, наведуваат од претпријатието. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Ќе се претвори ли Собранието во кино за гледање снимки?: Хаос, викотници и свирежи наместо комисиски расправи

Следно

Дневен хороскоп за 19 февруари: Не избрзувајте со заклучоци

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian