Средба Пендаровски – Пахор: РС Македонија и Словенија имаат долгогодишна конструктивна соработка и поддршка

1 min read

Во рамки на учеството на 58. Минхенска безбедносна конференција, претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, на која беа реафирмирани одличните билатерални односи, без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство и долгогодишна конструктивна соработка и поддршка.

Претседателите се осврнаа на можностите за надминување на предизвиците за почеток на пристапните преговори со ЕУ, истакнувајќи го фактот дека успешноста на политиката на проширување ќе зависи од македонскиот случај. Претседателот Пендаровски се заблагодари на принципиелната и континуирана поддршка за европската иднина на Северна Македонија, особено гласна за време на неодамнешното словенечко претседавање со Советот на Унијата.

Претседателот Пендаровски информираше за последните случувања во тој контекст и динамиката што е предвидена меѓу двете нови влади, потенцирајќи дека Северна Македонија посветено ќе работи на изнаоѓање европско, достоинствено решение во билатералните предизвици со Бугарија. Според претседателот Пендаровски, отворањето на пристапните преговори за членство на Република Северна Македонија со Европската Унија позитивно ќе придонесе за просперитетот и стабилноста на целиот регион, а ќе даде дополнителен импулс на севкупниот реформски процес во државата.

На средбата се разговараше и за безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зошто некои луѓе се негативни на коронавирус и покрај симптомите?

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се грижеа за просветниот кадар и за покачување на нивните плати, ќе го усвоеја амандманот на законот за минимална плата што го предложивме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian