Сообраќајот умерен на патните правци

1 min read

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 19 февруари: Не избрзувајте со заклучоци

Следно

Активни 8.143 случаи, вкупно починати 8.869 лица од коронавирус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian