Со подигнати пешачки премини се зголемува безбедноста на најпрометната улица во Железара

1 min read

По налог на Градот екипите на ЈП „Улици и патишта“  деновиве  изградија подигнати пешачки премини на улицата Коце Металец за подобрена безбедност во сообраќајот во овој дел на градот. Подигнатите пешачки премини ќе ја намалат брзината на движење на возилата и ќе ја зголемат безбедноста на сите учесниците во сообраќајот. Обележана е и хоризонталната сигнализација на пешачките премини, а поставени се  и заштитни столпчиња за дополнителна безбедност.

Екипите на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ се секојдневно на терен и вршат интервенции, замена или поставуваат дополнителна сообраќајна сигнализација секаде каде што  граѓаните пријавиле проблем, а е од нивна надлежност.
 

skopjeinfo.mk

Претходно

Бислимоски: Преку анализи РКЕ бара начин да им излезе во пресрет на општините за струјата

Следно

Корупциски скандал во Хрватска, уапсен министерот Хорват

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian