Денеска во рамките од 20 коло во Првата македонска фудбалска лига составот на Шкендија ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Борец триумфирајќи со 0:3.
Стрелци на головите беа Кире Маркоски во 43., Ангелче Тимовски во 60. и Бруно Дита во 78. минута од средбата.
На табелата тетовските „црвено-црни“ се наоѓаат на второто место со 40 бодови, зад водечкиот Шкупи (45) кој има меч помалку, додека велешани се на претпоследната 11 позиција со 13 бодови.
В недела од 14.00 часот ќе се играат преостанатите дуели од рундата: Струга Трим Лум – Брегалница, Ренова – Македонија ЃП, Тиквеш – Пелистер, Работнички – Шкупи и Академија Пандев – Скопје.
Во следното коло Шкендија во дербито ќе биде домаќин на „пандевци“, а Борец ќе ги одмери силите против Струга Трим Лум.