Поранешниот агент на манекенки Брунел пронајден мртов во затвор

1 min read

Поранешниот француски агент за манекени Жан-Лук Брунел синоќа е пронајден обесен во неговата затворска ќелија во затворот Санте, во Париз, јави дописникот на МИА.

Брунел беше во истражен притвор од 2020 година поради обвинение за „силување на малолетно лице“. Додека во јуни 2021 година неколку поранешни манекенкиго обвинија Брунел за сексуално вознемирување.

Тој исто така беше осомничен дека посредувал помеѓу девојки и американскиот милијардер Џефри Епштајн, кој исто така беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во август 2019 година. Епштајн, кој исто така беше пронајден мртов во неговата ќелија во август 2019 година.

Тој во јули 2019 година во САД беше обвинет за организирање на мрежа на млади девојки, кои сексуално ги експлоатирал во периодот од 2002 до 2005 година.

kurir.mk

Претходно

Во тек е поднесувањето на изборни листи и кандидати за изборите во Србија на 3-ти април

Следно

Една година без Ѓорѓе Балашевиќ: Болката вечна, како и неговите песни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian