Полицијата ќе го обезбедува Филипче, не поради смртни закани туку по безбедносна проценка

1 min read

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче ќе има лично обезбедување и возач потврдуваат од МВР, но не заради закани и не на лично барање.

Преку ТВ Телма Филипче негира дека тој барал обезбедување и вели дека обезбедувањето му е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност на уште шест месеци.

Филипче и во Фокус, ги демантира информациите дека имал смртни закани.

– Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено според проценка на АНБ, изјавил Филипче за Фокус.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се наведува дека може да се определат мерки за обезбедување по престанокот на функцијата на членови на Владата и токму затоа Венко Филипче во моментов е обезбедуван од полицијата.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | „Битола синоќа пееше во еден глас“: Споделуваме моменти од концертот за Тоше и Аки!

Следно

Во тек е поднесувањето на изборни листи и кандидати за изборите во Србија на 3-ти април

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian