Пенелопе Круз за менталното здравје: Се преправав ги држам работите под контрола, но всушност бев исплашена

2 mins read

Актерката Пенелопе Круз откри дека честопати претерано сочувствува со ликовите што ги глуми, па поради тоа еднаш ја загрижила и сопствената мајка, пренесува „Vanity Fair“.

Круз призна дека за време на снимањето на „Parallel Mothers“, во режија на Педро Алмодовар, не можела да ги контролира емоциите за време на глумата и дека целосно сочувствувала со нејзиниот лик, фотографка што останува бремена по кратка врска со оженет академик.

Актерката непрестајно плачела за време на снимањето, поради што нејзината мајка се загрижила за нејзиното ментално здравје.

„Ѝ реков да не се грижи, но и самата бев загрижена. Се преправав дека ги држам работите под контрола, но всушност бев исплашена“, изјави 47-годишната актерка за „Vanity Fair“.

Шпанската актерка се осврна на актерската трансформација во различни ликови и на товарот што доаѓа со тоа.

„Голем дел од нашата работа е способноста да се трансформираме во нешто сосема спротивно од нас самите. Нешто што не зборува како нас. Нешто што не се движи како нас. Стравот е нешто што ме мотивира, ми треба за да функционирам. Не сакам да се чувствувам премногу сигурна“, рече таа.

Во едно неодамнешно интервју, Пенелопе откри дека би сакала таа и нејзиниот сопруг Хавиер Бардем да направат мјузикл заедно и дека инспирација за тоа добила од неговата последна улога во филмот „Being the Ricardos“.

„Го видов мојот сопруг како пее и заврши неверојатна работа. Тој го мислеше истото откако го снимив мјузиклот „Nine“, кога мислев дека не можам да пеам, а Роб Маршал ме убеди во тоа по неколку текстови“, изјави таа во една прилика.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Едно дете од 200 тестирани е позитивно на коронавирусот

Следно

ВИДЕО: Реал во вториот дел го скрши отпорот на Алавес

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian