Од утре променливо облачно со повремен дожд

1 min read

Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Според УХМР, во вторник се очекуваат пообилни врнежи дожд, кои поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика дневните
температури да бидат пониски и во следните денови.

Минималните температури утре ќе се движат од еден до осум степени, а максималните дневни од 0 до 19 степени.

Во понеделник температурата ќе достигне 20 степени, а во вторник ќе биде 11. Во среда, четврток и петок повторно се прогнозира покачување на температурите.

kurir.mk

Претходно

Од утре нè очекува променливо облачно време со повремен дожд

Следно

Минатата недела над 3500 граѓани ја користеле жичарницата на Водно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian