МЗТ ќе игра во своето 15 финале во Купот на Македонија

1 min read

Сигурна победа на МЗТ Скопје против Феникс 2010 (76:66) за пласман во утрешното, за аеродромскиот клуб, 15 финале во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, во кое ќе го брка 11. трофеј за влез во историјата како најтрофеен во ова натпреварување.

Уште на крајот на првата четвртина МЗТ дојде до двоцифрено водство 27:17, набрзо потоа ги имаше и највисоките „плус 17“ (38:21), со што ги урна сите надежи на ривалот за евентуален успех.

Војдан Стојановски беше најефикасен со 17 поени, а неговиот брат Дамјан постигна 15, додека на спротивната страна Бојан Трајковски реализираше 17 поени (седум скокови).

Последен ривал на МЗТ на патот кон историјата ќе биде тимот на ТФТ со кого ќе ги одмери силите в недела во СРЦ „Кале“ – Скопје со почеток од 19.30 часот.

Во првата полуфинална пресметка ТФТ го елиминираше составот на Навико Академија ФМП.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Геј пар посвоиле шест браќа и сестри за да можат да растат заедно

Следно

Едно дете од 200 тестирани е позитивно на коронавирусот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian