Мета по завршување на мандатот се враќа во политиката за да ја засили опозицијата

1 min read

Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека со нетрпение го чека 24 јули, кога му завршува мандатот, по што ќе даде голем придонес во политиката, каде ќе биде многу активен.

Гостувајќи во телевизиска емисија оценува дека земјата има потреба од засилување на опозицијата и оти „тој ќе го направи тоа”.

-Неопходно е засилување на опозицијата и јас ќе бидат ангажиран токму на тоа. Сметам дека главниот проблем со кој се соочува земјата е враќањето на суверенитетот на народот кон политиката и институциите. Ова е и мојата обврска во следните 30 години, рече Мета.

Додаде дека до сега негов главен приоритет била европската интеграција и оти, тоа и порано го кажал, заради интеграцијата „го нарушивме суверенитетот”.

-Но, ова не само што го поткопа суверенитетот, туку и не ја забрза интеграцијата. Сега во следните 30 години дополнително ќе го зајакнеме суверенитетот, посочи Мета.

На прашањето дали сепак би прифатил втор мандат доколку му биде понуден тој со одговор дека тоа е неможно.

-Ќе имам втор мандат по 25 години, рече тој.

Мета(53) за претседател беше избран во април 2017 а петгодишниот мандат му завршува на 24 јули годинава

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скоро 8.000 активни случаи: Проверете каква е состојбата со заразени во вашиот град

Следно

Разговор со Бојана Скендеровски: Со „Зад завесите“ ја враќам емпатијата и ги будам емоциите кај луѓето!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian