Матичните лекари контра Менче Точи: Кој треба да иницира промени во позитивната листа на лекови?

1 min read

Матичната лекарка д-р Марија Михајлова и се спротивстави на раководителката на секторот за односи со јавност во Фондот за здравствено осигурување, Менче Точи, која на својот Фејсбук профил праша дали на средбата со заменик министерот, матичните лекари побарале да се ревидира позитивната листа на лекови, која како што вели таа „повеќе од деценија не е обновена“.

„Современата терапија на хронични болести е добро што се следи и практикува од страна на здравствените работници јавно и приватно здравство. А за тоа дали граѓаните, осигурениците, пациентите можат да си ја дозволат не се виновни избраните лекари“ напиша д-р Михајлова во својот одговор на нејзиниот Фејсбук профил.

„Барањата се токму насочени кон тоа да не бидеме доведени до момент да ги затвориме ординациите, па пациентите да немаат каде да се лекуваат. И престанете да нѐ ставате сите во исти кош“ додава таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Актерката Линзи Перлман пронајдена мртва: Холивуд пет дена трагаше по неа

Следно

Бесплатно разгледување на Скопје и Битола по повод светскиот ден на туристичките водичи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian