Една година без Ѓорѓе Балашевиќ: Болката вечна, како и неговите песни

4 mins read

Помина една година од смртта на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, но болката по последниот панонски морнар не поминува. Денеска Нови Сад и обожавателите ширум светот повторно ќе ги потпевнуваат неговите бројни хитови.

Балашевиќ почина на 19 февруари 2021 година, а неговата смрт ги потресе почитувачите на неговиот лик и дело низ целиот регион. Кантавторот почина поради компликации од коронавирусот.

Кога заминуваат најголемите, има празнини кои многу тешко се пополнуваат, а тоа беше заминувањето на Ѓоле. Денот кога си замина овој голем човек, ќе остане запаметен по збогувањата на семејството, пријателите и обожавателите.

ФОТО | Фотографот на Ѓорѓе Балашевиќ емотивно објави свои необјавени фотографии од панонскиот морнар

Неговите стихови ги обединуваа луѓето 40 години, а неговата смрт го обедини Балканот

Сепак, иако сите беа шокирани од ненадејната смрт на Балашевиќ, една година по неговата смрт, семејството Балашевиќ е мета на критики.

Причините за критиките се многубројни, меѓу другото, фановите на пејачот му замериле на неговото семејство што ги избришало видеата на „Јутјуб“ кои ги направиле. Станува збор за креативни видеа претежно компонирани од неговите обожаватели.

Имено, се шпекулираше дека наследниците на авторските права, односно неговите најблиски инсистирале на нивно отстранување. Како што обожавателите на социјалните мрежи стануваа се погласни и погласни, често се огласуваше и неговото семејство.

Панонскиот морнар денес би наполни 68 години: Обожавателите сѐ уште во неверување по загубата на Ѓорѓе Балашевиќ

Во годината без Ѓоле, неговото семејство открило дека постои писмо, односно мејл што тој го испратил неколку месеци пред смртта како проштална порака. Иако семејството не сакаше да зборува за деталите, тој се обидел навреме да ги подготви за животот без него.

Неговата ќерка Беба тогаш изјави дека нема да биде објавена ниту една реченица што им ја напишал, бидејќи тоа е нешто меѓу него и нив, туку дека ќе го почитува неговиот збор и дека сите треба да знаат дека се што прават е во склад со желбите на Балашевиќ.

Иако неговиот лик и дело нè напушти, тој продолжи да живее, пред се преку песните кои освен што продолжија да се слушаат и пејат, беа вклучени и во српските учебници. Споменот за него ќе биде зачуван во музејот во неговиот роден град. Музејот ќе се вика „Ателје на соништата“, а ќе се гради во Универзитетскиот парк. Нема да биде класичен музеј, постојано ќе се менува и ќе работи 24 часа.

Панонскиот морнар денес би наполни 68 години: Обожавателите сѐ уште во неверување по загубата на Ѓорѓе Балашевиќ

Семејството Балашевиќ ги замоли сите негови обожаватели да не ја одбележуваат годишнината од смртта на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ.

„Прославувањето на денот кога некој близок си заминал од овој свет не е нешто што некогаш се практикувало во нашата куќа. Не поради недостаток на почит, туку токму спротивното. Се сеќавате на тој некој секој ден, го среќавате во безброј мали дневни настани, од улицата по која сте поминувале, песните кои сте ги коментирале, спортските настни, средбите со заеднички пријатели…“, напиша неговата ќерка Беба.

Таа додаде дека ако сакаме да ја покажеме нашата почит, благодарност, љубов и среќа што сме сакале некого, пологично е тоа да биде денот кога тој пристигнал на овој свет… А не кога заминал…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поранешниот агент на манекенки Брунел пронајден мртов во затвор

Следно

Норвешка со најмногу златни медали на Игрите во Пекинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian