Граѓаните кои живеат во реонот на Центар позади Дом на градежници барале паркинг просторот во тој дел од општината да биде 500 денари од час, информира директорот на ПОЦ, Васко Кичевски.
Според него, оваа идеја дошла по разговорите со станарите и жителите кои живеат во овој дел од Центар.
-Сепак таа цена беше преголема. И сегашнава цена од 250 денари е неразумна по мое мислење, но треба да се има предвид дека на простор каде можат да се паркираат има 750 возила на жители и не плаќаат ништо, а самиот простор дозволува 400 возила за паркирање, вели Кичевски во изјава за ТВ 21.
Директорот на ПОЦ додава дека сегашните средства од плаќањата на овој паркинг не се доволни да се подмират трошоците за вработените.