Блинкен ја даде својата поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија, вели Ковачевски

1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

-Срдечна средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен за време на обраќањето на потпретседателката на САД Камала Харис. Го делиме мислењето дека заедно сме посилни како сојузници во НАТО, напиша премиерот Ковачевски на својот фејсбук-профил.

Државниот секретар Блинкен, додава премиерот, ја изразил својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја споделил својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ.

-САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Норвешка со најмногу златни медали на Игрите во Пекинг

Следно

Средба Пендаровски – Солана на маргините на Минхенската конференција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian