Баскет Кам 2011 ќе го брани трофејот во женскиот кошаркарски Куп

1 min read

Денеска во второто полуфинале одиграно во СРЦ „Кале“ – Скопје составот на Баскет Кам 2011 триумфираше над Вардар (74:64).

Кошаркарките од Македонска Каменица ќе го бранат трофејот (кој го освоија лани) во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ в недела од 17.00 часот против Бадел 1862 кој во првата полуфинална пресметка славеше убедливо против Струга 2009.

Вардарки на нешто повеќе од шест минути од почетокот направија солидна предност од 11:4. Втората четвртина донесе малку поинаква слика. Со серија од 7:0, Баскет Кам 2011 го презема водство, односно поведе со 16:11. После тајмаутот, Вардар се врати резултатски со пет поени во серија, за нерешени 16:16.

Во таков ритам продолжија возбудувањата до крајот на полувремето. Двете екипи разменија по неколку водства, а на пауза се замина нерешено (29:29). По израмнетиот трет дел, во кој одново немаше резултатски отскокнувања, во оној последниот Кам Баскет 2011 успеа да се одвои. На пет минути пред крајот, девојките во „сино-бела“ комбинација имаа плус од девет поени 63:54. А по тројката на Тасевска и уште повисоки 66:56.

Иако останаа без својот најдобар играч, Наков (27 поени, 10 скокови), Вардарки ја преполовија негативата на (62:67). И имаа доволно време, нецели три минути да го анулираат во целост. Потегот на натпреварот го имаше најдобрата кошаркарка на Баскет Кам, Антиќ, која на минута и пол до крајот со „два плус еден“ игра, донесе недостижни (70:62).

Во победничките редови Алексиќ беше најрасположена со 18 поени (10 скокови), додека Антиќ запиша 17 коша и 11 скокови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска соопшти дека ѝ откриле тумор на главата

Следно

Османи во Минхен на настан со Аналена Баербок посветен на земјите од Западен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian