Актерката Линзи Перлман пронајдена мртва: Холивуд пет дена трагаше по неа

2 mins read

Американската актерка Линдзи Перлман, најпозната по улогите во телевизиската серија „Chicago Justice“ и „Empire“, била пронајдена мртва во петокот во Лос Анџелес, неколку дена откако било пријавено дека исчезнала. Актерката почина на 43-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.

„Денеска околу 8:30 часот, полицијата во подрачјето на Холивуд одговорија на повик за истрага на смртен случај на авенијата Френклин и Норт Сиера Бонита. Судскиот вештак во округот Лос Анџелес потврди дека се работи за Линдзи Ерин Перлман“, стоело во соопштението на полициската управа на Лос Анџелес. Причината за смртта сè уште не e позната.

Нејзините пријатели и семејството претходно пријавиле дека е исчезната и побарале помош од јавноста да ја најдат кога таа не се вратила дома на 13 февруари. Последен пат била видена во Холивуд, неколку километри од местото каде што е пронајдено нејзиното тело, соопштила полицијата.

„Со длабока тага морам да известам дека Линдзи е пронајдена, но предоцна. Немам други информации за местото или околностите“, на својот твитер-профил напиша братучетка на актерката, Савана Перлман.

„Полицијата ја пронајде Линдзи. Таа починала. Скршен сум од болка“, напиша сопругот на актерката, Венс Смит во објава на својот инстаграм-профил.

Перлман дипломирала на „The Second City Conservatory“ и била активна во театарската заедница во Чикаго пред да се пресели во Калифорнија за да ја продолжи својата актерска кариера.

Нејзините телевизиски улоги вклучуваат улоги во сериите „Chicago Justice“, „Empire“, „Selena: The Series“, „The Ms. Pat Show“, „Sneaky Pete“, „American Housewife“, „Vicious“, и „General Hospital“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во САД продолжува вонредната состојба поради ковид-19

Следно

Матичните лекари контра Менче Точи: Кој треба да иницира промени во позитивната листа на лекови?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian