204 сообраќајни прекршоци во Скопје

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 42 мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 11 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за возење под дејство на алкохол, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло),  46 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

skopjeinfo.mk

Претходно

Бесплатно разгледување на Скопје и Битола по повод светскиот ден на туристичките водичи

Следно

Словенија ги олесни правилата за влез во земјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian