Хокеарската репрезентација на Финска е првиот финалист на машкиот турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Финска во првото полуфинале ја совлада Словачка со 2:0. Финците првиот гол го постигнаа во 16 минута од првата третина преку Сакари Манинен. Пласманот во финалето го заверија во последната минута од натпреварот преку Песонен.
Финска во финалето ќе игра со подобриот од вториот полуфинален дуел во кој ќе играат Русија и Шведска.