Во извештајот за сообраќајката кај „Сити мол“ ЈО го заборави овој важен член од ЗКП?

3 mins read

Тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смрт на едно лице е вината на 21- годишниот возач која ја усмрти Викторија Николова кај трговскито центар „Сити мол“ се наведува во обвинителниот акт кој денеска јавно обвинителство го достави до Основниот суд Скопје. Возел побрзо од дозволеното и не застанал пред исклучениот семафор со што го прекршил и законот за безбедност на соообраќајот. Во несреќата настрада радовишанката Николова, а беше повредено и нејзиното момче додека младиот возач доби мерка притвор.

Возел на дозволената брзина, не застанал на исклучен семафор и не ги почитувал сообраќајните правила. Ја усмртил Викторија Николова од Радовиш и го повредил нејзиното момче на пешачки премин. Обвинителството бара најмалку 4 години затвор за 21 – годишниот возач кој на 20 јануари со Цитроен Ц4 предизвикал сообраќајна несреќа кај трговскиот центар Сити мол откако денеска до судот го испорача обвинителниот акт и побара возачот да остане во притвор.

Јавно обвинителство: „Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори во тој момент биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен, не обрнал внимание на пешаците на коловозот.

Најголемата вина за сообраќајката според обвинителството е неприлагодената брзина . Безбедносните камери и вештачењата ќе бидат главните докази на обвинителот дека возачот со таа брзина не можел да го запре возилото и да ја избегне несреќата.

Јавно обивнителство: „Спротивно и на членот 35 од Законот, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба,“ се наведува во соопштението на обвинителството.

Сепак, обвинителството не го гони младиот возач за кривичното дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, а обвинителниот акт според одбраната го опфатил настанот од кобната ноќ на 20 ти јануари што не го негираше возачот пред обвинителството. Сепак, одбраната ќе се обиде со вештачења и дополнителни докази да спротистави на обвинителот во процесот. Возачот е во истражниот затвор во Шутка, но обивнителот кој го води предметот стравува дека постои можност за бегство ако тој е на слобода и затоа побарал од основниот суд да му го продолжи притворот за нови 30 дена кој, пак, му истекува во понеделник. На ваквата првична одлука на судот и предлогот од обвинителството реагираше одбраната на возачот која се жалеше дека тој ја признава одгворноста и затоа нема намера да бега.

kurir.mk

Претходно

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат новиот министер да го ревидира предлогот за измени на Законот за наставници

Следно

Електронските услуги на ЈП Водовод и канализација-Скопје утре во прекин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian