ВИДЕО: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со закани за физичко насилство го блокираат растот на платите за наставниците

1 min read

На седницата на Комисијата за образование наука и спорт кулминираше деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ. Блокадите на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование денеска се претворија во обиди за физичко насилство, закани и хаос, соопштија од СДСМ.

Тие посочуваат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволиле ниту да почне расправата за овие измени, а не пак тие да бидат донесени.

-Срамно, ниско и безобразно е денешното однесување на пратениците од редовите на ВМРО-ДПНМЕ.Со овие измени над 27.000 наставници и стручни соработници ќе добиваат повисоки плати, а околу 4.700 од нив ќе добијат трајно вработување.Тоа ВМРО-ДПМНЕ го блокира цела година, го блокираше и денеска со попречување на работата, со викање и закани, деградирајќи го Собранието.Ете колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за наставниците, денеска на виделина уште еднаш излезе нивното лицемерие, нивната насилничка матрица и деструктивно дејствување, велат од владејачката партија.

Собраниската Комисија за образование повторно прекината поради несогласувања за дневниот ред

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Каролина, Ламбе и Виктор ќе пеат на концертот посветен на Тоше и Аки во Битола

Следно

Арсовски: Молкот на СДСМ за криминалот на Јованоски од Прилеп е потврда за криминалот кој го сторил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian