ВИДЕО | Направил селфи со бремената сопруга, па ја турнал од карпата: Причината за убиството е морничава

4 mins read

Мажот од Турција кој ја турна својата бремена сопруга од карпа за да се „опари“ од нивното осигурување од несреќи и седумте кредити што ги подигнал на нејзино име, е осуден на 30 години затвор.

Хакан Ајсал (40) и неговата сопруга Семра Ајсал (32), која била во седмиот месец од бременоста, во јуни 2018 година биле на одмор во „Долината на пеперутките“, во градот Мугла во Турција, кога се случила несреќата.

Полицијата го обвинила сопругот дека ја турнал сопругата од карпата, а Хакан сега е прогласен за виновен за убиство.

Очевидци го снимиле злосторството

Сомнежите дека Хакан го извршил убиството се зголемија откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од сопружниците од врвот на карпата, а кои ги снимил друг турист на местото на настанот во тоа време. Туристот рекол дека ги снимал бидејќи мислел дека човекот се однесува чудно.

Реџеп Сахин, кој го снимил видеото на кое Семра последен пат е видена на врвот на карпата непосредно пред нејзината смрт, сведочел пред судот.

– Бев со моето семејство кога ја видовме двојката Ајсал на врвот на карпата. Дури и се пошегувавме и рековме или човекот ќе ја фрли жена или жената ќе го фрли него. Немаше никаква интеракција меѓу нив – рекол тој.

Друг сведок рекол дека изгледало дека осомничениот бил премногу смирен по инцидентот, додека итните служби биле на лице место, пренесува „Мирор“.

„Тој не се однесуваше како маж чија сопруга штотуку паднала од карпа“, рекол сведокот.

Ја убил поради парите од осигурувањето

Во обвинението против сопругот за кривично дело „убиство со умисла“ се наведува дека тој „го испланирал убиството на сопругата така што на нејзино име прво склопил договор за лично осигурување од незгода со гаранција од 25.000 евра и каде што единствениот корисник бил тој“. Во обвинението се наведува дека Хакан побарал исплата на осигурување набргу по инцидентот. Меѓутоа, тоа му било одбиено кога е објавена истрагата за смртта.

Локалните медиуми пренеле дека извештаите од банката покажале дека Хакан земал седум кредити во име на неговата сопруга. Хакан негирал дека е одговорен за смртта на сопругата, а својата верзија за настанот ја раскажал на суд.

– По фотографирањето, мојата сопруга го стави телефонот во чантата. Таа подоцна побара да ѝ го дадам телефонот. Станав и кога направив неколку чекори за да го извадам телефонот од чантата, ја слушнав како вреска. Кога се свртев, ја немаше. Јас не ја турнав својата сопруга – изјавил претходно Хакан пред судот.

Судот, на рочиштето за одлучување на 15 февруари, со мнозинство гласови одлучи обвинетиот да биде осуден на казна доживотен затвор. Тоа значи дека тој ќе има право на условен отпуст дури откако ќе одлежи најмалку 30 години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Просечната плата во Хрватска лани во декември 965 евра

Следно

Идната недела пак ќе се сретнат македонските и бугарските историчари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian