ВИДЕО | Готвиме со Маја: Азиски деликатес – момос

3 mins read

Момос оригинално е тибетски рецепт но е усвоен во целата азиска кулинарска култура. Во основа тоа е тесто со различни полнења а она што му дава необичен вкус е тоа што тестото се вари на пареа. Дополнително што виткањето на тестото е уникатно и можеби ќе ви треба малку вежба за да дојдете до совршен резултат. Сепак, вреди да се проба и да се експериментира со вкусовите. За оние кои ја сакаат азиската храна, момос ќе бидат вистинско уживање.

Потребни состојки:

  • 2 чаши брашно
  • 1 лажица масло
  • 1/4 чаша вода
  • 1 лажичка сол

Подготовка:

Во сад ставете го брашното, солта. Во друг зад помешајте ги водата и маслото и постепено додавајте ги во брашното. Започнете со месење за да добиете тврдо тесто. Тестото не треба да стасува, туку веднаш развлечете го во долга векна. Потоа векната оставете ја на страна да отстои околу 15 минути. Векната исечете ја на мали парчиња и од секое рзвлечете многу тенка кружна кора. Секоја кора премачкајте ја со вода по краевите и на средината ставете од едно од полнењата и почнувате да ја затворате кората со тоа што правите еден вид на фалти или преклопи во круг. Кората треба да биде затворена од сите страни и да личи на пакетче. Момосот се варат на пареа во здела која сте ја премачкале со масло. Се варат точно 10 минути. Се служат со соја сос или друг сос по желба.

готвиме со маја
Готвиме со Маја / Фото: Приватна архива

Полнење 1

Потребни состојки:

  • 4 млади кромитчиња
  • 1 морков
  • 1/4 зелка
  • 3 чешниња лук
  • 3 чили пиперчиња
  • сончогледово масло

Подготовка:

Во тава загрејте масло и ставете ситно сецкани кормитчињата да се пржат на тивко. Морковот изрендајте го на ситната страна од рендето и префрлете го во тавата да се пржи. Зелката исто изрендајте ја на ситно и ставете ја да се пржи со останатиот зеленчук. Пред крај додадете ситно иситнет лук и по желба лити чили пиперчиња. Посолете и зачинете со бибер.

Полнење 2

Потребни состојки:

  • 200 гр мелено јунешко месо
  • 1 кромид
  • 2 лажици соја сос
  • 1/2 лажица сол
  • 5 чешниња лук
  • 3-4 цм ѓумбир
  • бибер
  • масло
  • лимон
  • кромид во прав
  • магдонос

Подготовка:

Ситно исечкајте кромид и ставете го да се пржи во тава со масло и посолете. Чешнињата лук ситно исечкајте ги и додадете ги во кромидот да се пржат. Ставете го меленото месо и пржете додека месото не обели. Зачинете со сок од лимон, соја сос, кромид во прав и малку сечкан ѓумбир. Посолете по вкус и зачинете со бибер. Пред крај ставете ситно сецкан свеж магдонос.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД тврдат дека Русија подготвува изговор за напад на Украина

Следно

Отворени врати за автократот: Шефот на Минхенската безбедносна конференција лобирал за Груевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian