Голманот Григорис Атанасиу направи несекојдневен подвиг кој досега го има остварено само легендарниот парагвајски чувар на мрежата, Хозе Луис Чилаверт, даде три гола на еден натпревар.
На натпреварот од четвртата грчка лига, Павлос Меласесо 3:0 го совлада Аетос Василиконом со 3:0, а голманот Атанасиу ги постигна сите три гола и тоа од пенал.
Вакво постигнување има направено само легендарниот Парагваец Хозе Луис Чилаверт кој во 1999 година во победата на Велез Сарсфилд од 6:1 над Феро Карил во првата аргентинска лига даде три гола, исто така од пенал.