ВИДЕО | Драматично спасување: Извлечени двете лица заглавени на траектот кај Крф, се бараат уште 11 исчезнати

2 mins read

Припадниците на специјалната единица за справување со катастрофи на грчката противпожарна служба успеа да ги пронајде и спаси двајцата возачи на камиони кои со часови останаа заглавени во траектот што утрово се запали додека пловеше од Грција кон Италија, додека пак акцијата за пронаоѓање на 11 други лица, продолжува, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката крајбрежна служба, со помош на хеликоптер, специјалната единица се спуштила на бродот, ги пронашла двајцата патници, кои потоа, со хеликоптер Супер Пума на грчката воена морнарица биле пренесени на Крф.

Според грчките медиуми, спасените лица се возачи на камиони, едниот турски, другиот бугарски државјанин и постојано биле во контакт со надлежните служби за нивно лоцирање.

Министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис рече дека „гигантската операција за потрага и спасување резултираше со спасување на 278 патници и членови на екипажот”, кои веќе се на островот Крф.

-Во исто време продолжува потрагата за пронаоѓање на уште 11 исчезнати лица. Мислите на сите нас се со нив и со нивните семејства. По моја наредба веќе започна истрага за утврдување на причините за пожарот, додека во консултација со компанијата во чија сопственост е бродот, се преземаат сите неопходни активности за да нема загадување на морската средина, рече Плакиотакис.

Од грчката крајбрежна служба, попладнево соопштија дека по пребројувањето и идентификацијата на патниците пренесени на Крф „констатирано е дека се спасени 278 лица, меѓу кои и едно лице кое не било на официјалниот список на патници”.

Според сведоштвата на патниците за грчките медиуми, капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на грчката и италијанската крајбрежна служби.

Причината за пожарот што избувна додека траектот пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса засега не е позната.

На „Euroferry Olympia” што пловел под италијанско знаме, тргнал од Игуменица за Бриндизи, имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Идната недела пак ќе се сретнат македонските и бугарските историчари

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Се сеќавате на Хагрид од Хари Потер? Денес живее повлечен живот, еве како изгледа

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian