Валверде ја предводи листата на тренери кои се можни наследници на Диего Симеоне

1 min read

Актуелниот шпански шампион Атлетико Мадрид сезонава игра послабо од очекувања, екипата го поминува најтешкиот период откако Диего Симеоне седи на клупата, поради што започнаа се погласните шпекулации за негово заминување.

Иако е актуелен шампион, Атлетико Мадрид моменто се наоѓа на петтото место на табелата во Ла Лига со 39 бода, колку што има и четвртопласираната Барселона која пак има и натпревар помалку, додека лидер е Реал Мадрид со 54 бодови.

Шпанските медиуми по поразот на Атлетико од последнопласираниот Леванте, пишуваат дека Симеоне најверојатно на крајот од сезоната ќе си замине, тренерот влегол во кавга со спортскиот директор Андреа Берта, по што започнаа шпекулациите за неговиот наследник.

Засега прв фаворит за наследник на Симеоне е поранешниот тренер на Барселона и на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде.
Новинарот Рубен Уриа кој го направи интервјуто со Лионел Меси по хаосот кој настана во 2020 година кога поранешниот претседател на Барселона, Хозе Марија Бартомеу, не му дозволи да си замине, тврди дека уште неколку звучни имиња се во трката за наследник на Симеоне.

Уриа пишува дека агентот Жорге Мендеш на Атлетико ги понудил услугите на Нуно Еспирито Санто, а на листата се „јорганчиите“ се наоѓаат уште и имињата на Унаи Емери и на Марселињо. Емери моменто го предводи Виљареал, додека Марселињо е актуелен тренер на Атлетик Билбао.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Лила Мирчевска од „Клуб за читање книги“: Читањето ми претставува време за мене и грижа за себе

Следно

Сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени со судски пресуди, вели Кузеска од СДСМ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian