ТФТ го изненади Пелистер и обезбеди полуфинале во Купот

2 mins read

Екипата на ТФТ е првиот полуфиналист во Купот „Благоја Герогиевски-Буштур“ откако со одлична игра во текот на сите 40. минути го изненадија големиот фаворит Пеистер славејќи со 105:93.

Пелистерци кои на завршниот трнир во Купот пристигнаа без пораз во домашниот шампионат, втора година по ред губат во четвртфиналето, откако минатата година беа изненадени од Академија ФМП.

Првата посериозна опасност Пелистер ја доби по само шест минути, кога ТФТ поведе со 23:18, па мораше да реагира тренерот Марјан Илиевски кој побара тајм аут. Но „црно-белите“ ја продолжија серијата, стигнаа до уште повисоки 32:21 на истекот на десет минути од првото Куп-четвртфинале.

Многу брзо Илиевски мораше да го „потроши“ и вториот тајм-аут. По четири. минути од втората четвртина, кога противникот направи 12 поени предност (39:27). Одлично функционираше шутот за три поени на ТФТ. Погодија шест тројки од девет обиди во тој дел од мечот во СРЦ „Кале“.

Дури во последните секунди од првото полувреме, „пелистерци“ се симнаа на едноцифрена негатива (47:56). За разлика од ТФТ каде дури осуммина играчи се запишаа во листата на стрелците, кај Пелистер, повторно „играа“ Кесар и Малешевиќ (искомбинираа 28. поени).

По одморот, непобедената екипа во првенството, стигна до 51:56.  По поените на Хаутон, битолчани имаа негатива од два поени, но „црно-белите“ го одбранија тој напад. Со серија од 9:0 и ја вратија двоцифрената предност. Нешто подоцна, стигнаа и до (77:61), по забивањето на Маслинко.

Но и тука не беше крајот, затоа што ТФТ го заврши третиот дел со (84:68). Само како најава за првото големо изнендување на турнирот. Евидентно беше отсуството на неколку важни играчи, како Младеновски и Караџовски, во тимот од Битола, кој исто како и лани застана на првото скалило во куп-натпреварите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полицијата ги „чешла“ принцовите: Чарлс и Хари се под истрага!

Следно

Гир: Европската Унија дава силна поддршка за изградбата на Коридорот 8

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian