Стефковски: Се гради пешачка патека Виниче – Црешево

1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со претседателот на Советот Дијана Илиевска утрово направија увид на градежните работи на изградбата на пешачката патека Виниче – Црешево.

За посетата, градоначалникот Стефковски на својата страна на фејсбук напиша:

“Заедно со претседателот на Советот Дијана Илиевска направивме увид на пешачката патека Виниче – Црешево. Патеката е во должина од околу 500 метри. Со оваа патека се зголемува безбедноста на пешаците, а особено на учениците кои побезбедно ќе се движат до основното училиште”, напиша Стефковски.

Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи со изградбата на пешачки патеки со павер елементи и во останатите населени места.

skopjeinfo.mk

Претходно

Проектот за реконструкција на Универзална сала е ризичен и нецелосен!

Следно

Двајца заглавени на бродот, најмалку десет исчезнати и спасени над 270 лица од пожарот на траектот во близина на Крф

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian