Сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени со судски пресуди, вели Кузеска од СДСМ

1 min read

Во вечерашното гостување на ТВ Канал 5, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, го повика нејзиниот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, по пресудите за случајот „Титаник“ да побара одговорност од раководството на партијата и лидерот Христијан Мицкоски.

„Сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени со судски пресуди. По признанијата на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе го повикате Христијан Мицкоски и раководството на партијата?“ го запраша Кузеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Кузеска го упати Арсовски на темата криминал да истражи во „белиот дворец“, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почнете да истражувате од „белата палата“ за криминал. Секој ден сте внатре, го гледате тој луксуз, тоа се пари украдени од граѓаните. Потоа можете да зборувате за оваа тема“ рече Кузеска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Валверде ја предводи листата на тренери кои се можни наследници на Диего Симеоне

Следно

Арсовски: Матичните лекари работат одговорна работа, треба да им се исполнат барањата во однос на капитацијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian