Просечната плата во Хрватска лани во декември 965 евра

1 min read

Просечната нето-плата по вработен во Хрватска во декември минатата година изнесувала 7.280 куни (965 евра), што е номинално повисока за 4,0 отсто, а реално пониска за 1,4 отсто во однос на истиот месец во 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на ноември, просечната нето-плата во декември номинално и реално е пониска за 0,7 отсто.

Просечната нето плата за декември изнесувала 6.131 куна (813 евра), што значи дека половина од вработените имале помала, а половина поголема плата од таа сума.

Во последниот месец од минатата година, највисока просечна нето плата имаат вработените во областа на развој и истражување на пазарот, 11.676 куни (1.548 евра), а најниска во производството на облека, 4.521 куни (599 евра).

Просечната бруто-плата во декември изнесува 9.835 куни (1.304 евра), што е номинално повисока за 4,6 отсто и реално пониска за 0,9 отсто во однос на истиот месец во 2020 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовски: Матичните лекари работат одговорна работа, треба да им се исполнат барањата во однос на капитацијата

Следно

ВИДЕО | Направил селфи со бремената сопруга, па ја турнал од карпата: Причината за убиството е морничава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian