Проектот за реконструкција на Универзална сала е ризичен и нецелосен!

2 mins read

Грешка во проектната документација изработена и прифатена во претходното раководство на Град Скопје е причина за намален интензитет на работа на долгоочекуваната и најавувана реконструкција на Универзалната сала.

Подготовката на целата техничка документација е добиена како донација од проектантското студио „Мегарон инженеринг“, а работите ги изведува Градежно проектантско трговско друштво „Универзал-Балкан“.

Реконструкцијата на Универзална сала требаше да се одвива во две фази кои ги опфаќаат двата суштински дела од Универзална сала, во првата фаза во која се прави реконструкција на фасадата и кровот , додека другата се однесува на внатрешното уредување на објектот за кое воопшто нема ни проект.

Прецизно во однос на реконструкцијата, склучен е договор со Универзал Балкан за реконструкција и постои проект кој што е дониран од приватна фирма во однос на надворешниот изглед на Универзалната Сала и куполата на кровот, додека внатрешниот дел не е воопшто предвиден и опфатен во проектот.

Работите се одвиваат со намален интензитет поради тоа што од надзорот е утврден пропуст во однос на статиката, односно недостасуваат одредени елементи во донираниот проект кои се од голема важност за статиката на Универзалната Сала што претставува потенцијална опасност по безбедноста при поставување на куполата и идно користење.

Владата за реализација на овој дониран проект минатата година обезбедила 120 милиони денари за реконструкција на надворешноста на Универзална Сала, при што поради поради новото техничко решение кое во моментов се изработува поради непредвидени работи кои биле испуштени во донираниот проект, а кои се неопходни да се изведат, можно е да се потребни и дополнителни финансиски средства од веќе предвидените. Затекнатата состојба укажува и дека средствата не биле искористени соодветно според предвиденото, а за внатрешноста нема воопшто никаков проект ниту обезбедени средства.

kurir.mk

Претходно

Мицкоски против коцкањето: Ние сме конзервативна партија и ги почитуваме тие вредности

Следно

Стефковски: Се гради пешачка патека Виниче – Црешево

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian