Пресврт: Ѓоковиќ ќе може да ја брани титулата на Вимблдон

1 min read

Новак Ѓоковиќ кој се наоѓа во Дубаи каде треба за прв пат да настапи на официјален меч годинава, денеска доби добри вести од Лондон, ќе може да настапи на  најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон каде триумфира минатата година.

Иако организаторот на Вимблдон првично објави дека за учество на гренд слем турнирот ќе биде потребно тенисерите и тенисерките да бидат вакцинирани, денеска потврди дека за настап ќе биде доволен и негативен антигенски тест на коронавирус.

– Вимблдон ќе ги следи препораките на владата и за настап на грен слем турнирот ќе биде потребен антигенски тест, а не задолжителна вакцинација против коронавирусот – изјави Тим Хенман, поранешен англиски тенисер кој е дел од организацијата на Вимблдон.

Англиската влада веќе одреден период ги олабавува мерките против коронавирусот кога станува збор за спортските настани, а последната информација добро ќе му дојде на Ѓоковиќ кој не настапи на Австралија Опен, додека неизвесен е настапот и на вториот гренд слем турнир годинава, Ролан Гарос бидејќи франциската влада засега за влез во земјата бара лицата да бидат вакцинирани.
Новак Ѓоковиќ минатата година триумфира на Вимблдон откако во финалето во четири сета беше поуспешен од Матео Беретини.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петровиќ: Се што се договоривме, го испочитувавме

Следно

Ќе се претвори ли Собранието во кино за гледање снимки?: Хаос, викотници и свирежи наместо комисиски расправи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian